Лали Еспосито

Македонски форум за Лали Еспосито lali-esposito.forummk.com
 
HomePortalCalendarПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Титаник(Titanic)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Simonka19



Posts : 111
Парички : 163
Репутација : -2
Join date : 2009-12-21

ПишувањеПредмет: Титаник(Titanic)   Чет Јан 07, 2010 7:38 pm

Како ви се допаѓа овој филм?

Јас го обожавам...прекрасен е...

Филмот добитник на 11 оскари, е романтична приказна за богата девојка и сиромашно момче кои се запознаваат на фамозниот несреќен брод Титаник кој важел за непотонлив.
Улоги: Леонардо ди Каприо, Кејт Винслет, Били Зејн, Кети Бејтс
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
*sofeks*:D
Администратор
avatar

Posts : 281
Парички : 365
Репутација : 0
Join date : 2009-10-31
Age : 21
Location : ХоУм☻☺

ПишувањеПредмет: Re: Титаник(Titanic)   Пет Јан 08, 2010 11:54 pm

No coment! Што и да кажам........... најдобар филм!!!

_________________

♥️у♥️
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.lali-esposito.forummk.com
An4i
Модератор
avatar

Posts : 276
Парички : 381
Репутација : 1
Join date : 2009-12-19
Age : 19
Location : Дома

ПишувањеПредмет: Re: Титаник(Titanic)   Саб Јан 09, 2010 12:14 am


Tитаник (англиски: Titanic) е американски љубовен филм режиран и напишан од Џејмс Камерон во 1997 година. Дејството на филмот се одвива за време на патувањето и бродоломот на познатиот патнички брод Титаник. Ова е еден од најскапите филмови на сите времиња, а исто така го држи рекордот по број на освоени Оскари со 11 и рекордот во најголема заработка на кино благајните во светот.
Главните улоги во филмот ги глумат Леонардо ДиКаприо како сиромашниот човек по име Џек Давсон кој еден ден на игра со карти ќе добие карта за трета класа за патување на бродот Титаник. И Кејт Винслет како младата девојка Роуз ДеВит Букатер која е свршена со богат маж. Набргу по запознавањето, овие двајца ќе се вљубат, но подоцна потонувањето на бродот ќе ги раздели за секогаш.
Продукцијата на овој филм започна дури во 1995 година, кога Камерон успеал да ги сними оригиналните остатоци од бродот Титаник. Подоцна тој ја развил љубовната приказна и започнал со снимањето. Камерон изгради реконструкција на бродот за публиката да може потполно да го доживее патувањето, а за потонувањето искористи макети на бродот и компјутерски ефекти. Во тоа време, Титаник стана најскапиот снимен филм, а големата сума од приближно 200 милиони американски долари беше финансирана од продуценските куќи Paramount Pictures и 20th Century Fox.

Приказна

Во 1996, ловецот на богатства, Брок Ловет и неговиот тим ги истражуваат остатоците на потонатиот брод Титаник, и се во потрага за дијамантната орглица “Срцето на океанот”. Но во текот на првата експедиција, не успеваат да го пронајдат дијамантот туку една папка со рачно цртани портрети во која се наоѓа цртеж на млада, гола жена која ја носи споменатата огрлица, насликан точно на денот кога е потонат Титаник. Веста за пронаоѓањето на цртежот наското доаѓа и до медиумите и привлекува внимание на Роуз Калверт, 100 годишна жена, која трврди дека таа е девојката од цртежот. Таа и нејзината внука Лизи доаѓаат во посета на Брок на бродот и Роуз почнува да се присетува на патувањето кое и го променило животот.
1912, Роуз Девит Букатер заедно со својата мајка Рут и свршеникот Каледон “Кал” Хоклеј, заминуваат на Титаник како припадници на првата класа. Исфрустрирана поради свршувачката со Кал и неговата опсесија за непрекинато контролирање на нејзиниот живот, Роуз се обидува да се самоубие, но ја спасува Џек Девсон, млад и сиромашен уметник. Тие двајца на почетокот развиваат пријателски однос, но се завршува како вистинска љубовна, и страствена врска. Кал дознава дека Роуз се дружи со Џек, и и забранува да се гледа со него. Напоредно, Џек и Роуз се наоѓаат, и тој и вели дека чуствува нешто кон неа, на што таа се преплашува, бидејќи е свршена за друг човек, и го одбива Џек. Но сепак, Роуз подоцна му го понудува своето срце на Џек, отварајќи пат на забранета романса. Џек ја замолува Роуз да ја наслика на двосед, носејќи го на себе само скапоцената огрлица “Срцето на океанот”. Слугата на Кал, Спајсер Ловеј започнува да ги брка Џек и Роуз, но тие успеваат да избегаат и се упатуваат кон паркингот за автомобили на бродот, каде во еден автомобил водат љубов. Роуз одлучува дека после што бродот ќе исплива во пристаништето во Њујорк, ќе побегне со него. Но набргу потоа, бродот се судира со голема санта мраз. Кал во меѓувреме го открива цртежот на Роуз, и се заколнува дека ќе му се одмазди на Џек, така што го остава накитот во капутот на Џек, додека овој не обрнува внимание. Џек ќе биде однесен во кабината во која бродскиот полицаец го носи во ќелија, и го остава со Спајсер. Неодлучната Роуз најпосле го напушта Кал, и одбива да влезе во чамецот за спасување со Рут, и заминува да го спаси Џек. Роуз успева да го пронајде Џек, и го спасува од ќелијата, и тие двајца заминуваат на палубата на бродот. Но, октриваат дека екипата на бродот не пушта луѓе од третата класа на палубата се додека прво не ги спасат луѓето од првата и втората класа. Џек во бес ја крши вратата, и така тој, Роуз и уште неколку луѓе успеваат да побегнат. Кал и Џек успеваат да ја довлечат Роуз во чамецот за спасување, но бидејќи сфаќа дека може да го изгуби Џек, таа излегува од чамецот и го сретнува Џек покрај скалите за првата класа. Бесен, Кал го зема пиштолот на Ловеј и ги грабнува Џек и Роуз во просториите во бродот. После што му исчезнува муниција, Кал им поскаува смрт на Џек и Роуз, и набргу сфаќа дека го оставил накитот во својот капут, кој го носи Роуз. Кал оди на палубата и дознава дека има само уште два чамци за спасување, и зема едно расплакано дете кое го пронашол на палубата, и влегува во еден од чамците. Роуз и Џек сфаќаат дека чамците за спасување веќе ги нема, и одлучуваат да останат во бродот се додека не потони. Напоредно, бродот се препловува на половина, и почнува последната битка, во која бродот и сите останати на него, потонуваат во ледено ладната вода на океанот. Џек и Роуз се разделуваат во моментот на потонувањето на другата половина на бродот, но успеваат да се сретнаат. Околу нив, илјадници луѓе замрзнати умираат од мраз. Во еден чамец за спасување, Маргарет “Молу” Браун ги гледа нив двајцата и му вели на возачот да се врати да ги спаси и другите луѓе, но тој одбива бидејќи ќе потонат нивните чамци. Џек и Роуз во меѓувреме во ладните води на Атлантикот се борат за живот. Џек и ветува на Роуз дека таа ќе преживее и дека ќе доживее долг живот, исполнет со среќа. Во моментот кога еден од возачите доаѓа да ги провери луѓето кои останати во морето по потонувањето на бродот, Роуз се обидува да го пробуди Џек, но сфаќа дека тој умрел од студ. Во тој момент, Роуз губи надеж и одлучува да умре заедно со Џек, но се сетува на ветувањето кое и го кажа Џек, и Роуз се одлучува и ја пушта раката на Џек, и тој потонува во длабочината на океанот. Роуз конечно е спасена заедно со уште петорица луѓе од водата, и сите преживуваат и заминуваат на бродот Карпатија. На палубата на Карпатија, Роуз го приметува Кал. Кога тој погледнува во неа, таа се завртува и тој заминува. Тоа беше последен пат кога таа го видела Кал жив. Доаѓањето на Њујорк, Роуз на бродот Карпатија се регистрирала под името “Роуз Девсон”.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
*Maya
Портал Уредувач
avatar

Posts : 74
Парички : 92
Репутација : 0
Join date : 2009-11-29

ПишувањеПредмет: Re: Титаник(Titanic)   Саб Јан 09, 2010 1:39 pm

Преубав филм...филм за сите генерации bom

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
An4i
Модератор
avatar

Posts : 276
Парички : 381
Репутација : 1
Join date : 2009-12-19
Age : 19
Location : Дома

ПишувањеПредмет: Re: Титаник(Titanic)   Саб Јан 09, 2010 1:40 pm

*Maya напиша:
Преубав филм...филм за сите генерации bom

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Kova4
Надгледувач
avatar

Posts : 150
Парички : 171
Репутација : 0
Join date : 2009-12-28
Age : 21
Location : Home Sweet Home

ПишувањеПредмет: Re: Титаник(Titanic)   Пон Јан 11, 2010 11:03 am

добар ама мене ми е малку досаден дека го иам глеано 10 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Lovely Girl

avatar

Posts : 144
Парички : 205
Репутација : 2
Join date : 2009-09-26
Age : 20
Location : Дома

ПишувањеПредмет: Re: Титаник(Titanic)   Пон Јан 11, 2010 11:56 am

Јас 100 пати и пак не ми е здосаден.

_________________
Made by Me
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://lali-esposito.forummk.com
Simonka19



Posts : 111
Парички : 163
Репутација : -2
Join date : 2009-12-21

ПишувањеПредмет: Re: Титаник(Titanic)   Вто Јан 12, 2010 2:12 pm

Мене никогаш нема да ми биде досаден,прв пат го имам гледано,дури заплакав..
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
An4i
Модератор
avatar

Posts : 276
Парички : 381
Репутација : 1
Join date : 2009-12-19
Age : 19
Location : Дома

ПишувањеПредмет: Re: Титаник(Titanic)   Вто Јан 12, 2010 3:33 pm


_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Simonka19



Posts : 111
Парички : 163
Репутација : -2
Join date : 2009-12-21

ПишувањеПредмет: Re: Титаник(Titanic)   Вто Јан 12, 2010 3:36 pm

Јас одааамна веќе го имам симнато
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
An4i
Модератор
avatar

Posts : 276
Парички : 381
Репутација : 1
Join date : 2009-12-19
Age : 19
Location : Дома

ПишувањеПредмет: Re: Титаник(Titanic)   Вто Јан 12, 2010 3:37 pm

Е ако де тие што го немаат симнато

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sarchy.Esposito

avatar

Posts : 8
Парички : 12
Репутација : 0
Join date : 2010-01-20

ПишувањеПредмет: Re: Титаник(Titanic)   Чет Јан 21, 2010 2:09 am

Преубав филм
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
An4i
Модератор
avatar

Posts : 276
Парички : 381
Репутација : 1
Join date : 2009-12-19
Age : 19
Location : Дома

ПишувањеПредмет: Re: Титаник(Titanic)   Чет Јан 21, 2010 1:32 pm

Супер пак ке го има утре, и ќе го гледам

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Титаник(Titanic)   

Вратете се на почетокот Go down
 
Титаник(Titanic)
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Лали Еспосито :: Филмови :: Играни Филмови-
Отиди до: