Лали Еспосито

Македонски форум за Лали Еспосито lali-esposito.forummk.com
 
HomePortalCalendarПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Раде Врчаковски-Врчак

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
An4i
Модератор
avatar

Posts : 276
Парички : 381
Репутација : 1
Join date : 2009-12-19
Age : 19
Location : Дома

ПишувањеПредмет: Раде Врчаковски-Врчак   Нед Фед 21, 2010 11:05 am

Раде Врчаковски-Врчак е роден на 11 ноември 1980 година во Скопје.Тој почнал да се занимава со музика откако се вратил од Америка каде престојувал четири години,односно во 1999 година излегува неговата прва песна,„И повторно сам“ која е прифатена од публиката.Наскоро излегува и неговиот прв албум, „Како да побегнам од се“ кој исто така е прифатен и брзо распродаден.Но наскоро Врчак се откажува од музиката сакајќи да се посвети на медицинскиот факултет.Сепак во 2001 година настапува на Макфест со Андријана Јаневска пеејќи ја песната „Ден по ден“ и го освојуваат 2-то место.Во 2003 повторно се појавува на Макфест но овој пат со Роберт Билбилов. Со песната „Тајните ангели“ го освојуваат 3-тото место.Во 2006 година Врчак повторно се враќа во музичкиот свет со албумот „Во твоето срце“,песните и албумот повторно се прифатени од публиката особено од старите фанови на Врчак. Исто така во 2006 се појавува и на Макфест и победува со песната „Седмо небо“,дует со Тамара Тодевска. Исто така во 2006 ја напиша песната „Нинанајна“ со која Елена Ристевска не претставуваше на „Евросонг“ во Атина и го освои 13-тото место.Неговата слава расте,охрабрен од обожавателите тој се појавува со нови песни во текот на последните месеци од 2006 и целата 2007.Во 2007 повторно настапува на „Макфест“ со Адријан Гаџа со кој ја испејаа песната „Недопирлива“ и освоија награда за најдобар сценски настап.Во 2008 пишува песна за „Избор за песна на Евровизија“.Песната е насловена „Во име на љубовта“,ја пее со Тамара Тодевска и Адријан Гаџа.Победуваат на изборот и одат на Евросонг,но за жал не успеаа да се пласираат во финалето.И покрај тоа тој сеуште е присутен на македонската сцена,има голем број фанови и ја изненадува публиката со прекрасни песни.Наскоро се очекува да излезе и неговиот трет албум.

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Раде Врчаковски-Врчак
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Лали Еспосито :: Музика :: Хип Хоп-
Отиди до: