*Maya Портал Уредувач
Posts : 74 Парички : 92 Репутација : 0 Join date : 2009-11-29
| Предмет: Интервју со Лали Вто Јан 19, 2010 12:19 am | |
| Мариана Еспосито, една од главните глумици од популарната тинејџерска серија ,, Ангели`, пред некое време имала интервју во кое зборувала за нејзината каријера, нејзината улога во Тин Ејнџелс и кажала неколку детаљи од нејзиниот приватен живот. Во текот на разговорот Мариана позната како Мар или Лали, ги коментирала своите прекари. Нејзиниот прекар Лали и бил уште од кога се родила. Прекарот и го дал нејзиниот брат, Пато, кој неможел да изговори Мари, бидејќи бил мал. Така за сите станала Лали, и дури некој од нејзината фамилија незнаеле дека се вика Мариана. Прекарот Мар бил од нејзината серија. Младата глумица исто така им рекла дека е многу среќна, затоа што е дел од голем успех, кој го постигнала групата Тин Ејнџелс, и вели дека кај нејзиниот лик најмногу и се свиѓа танцувањето:,, Без сомневање најмногу ми се допаѓа танцувањето. Поради тоа го обожавам театарот.`` Во врска со нејзиниот приватен живот, Мариана вели: ,,Освен ,, Ангели`` јас имам семејство , пријатели, ама и за нив имам секогаш време. Исто така имам време и за учење , завршувам средно училиште, како вонреден ученик. Учам и ги полагам испитите. Ама, не се жалам тоа е се моја одлука. Дури кога имав 10 години, знаев што сакав. Понекогаш морав да пропуштам роденден, поради снимањето, ама тоа беше мој избор. Мислам дека сум створена за оваа работа и ја обожавам. | |
|