An4i Модератор
Posts : 276 Парички : 381 Репутација : 1 Join date : 2009-12-19 Age : 26 Location : Дома
| Предмет: Britney Spears Нед Фед 21, 2010 10:46 am | |
| Бритни Спирс е една од најпродаваните пејачки во светот. Кариерата ѝ започнува во „Клубот на Мики Маус“ (The Mickey Mouse Club), каде што учествува со Кристина Агилера, Џастин Тимберлејк и други познати пејачи. Нејзиниот прв албум „...Baby One More Time“ се појавува на светскиот пазар во јануари 1999 и станува голема интернационална ѕвезда. Со вториот албум „Oops!... I Did It Again“ го потврдува статусот на мега ѕвезда и идол на многу тинејџери во светот. Синглот „Oops!... I Did It Again“ се појавува на врвот на светските топ-листи во мај 2000 година. Третиот албум „Britney“ излегува во продажба во ноември 2001, па по кратка пауза го издава албумот „In the Zone“ во ноември 2003. Синглот „Toxic“ стана огромен мега-хит, и искачувајќи се на врвот на сите светски топ-листи, ѝ ја носи на Бритни првата Греми награда. Во 2007 година, по долга пауза Бритни се врака на музичката сцена. Со албумот „Blackout“, таа прави вистински бум на топ-листите и докажува дека сѐ уште е мега-ѕвезда. Мега-хитот и прв сингл од албумот „Gimme More“ ја враќа на врвот на сите светски топ-листи.'Gimmer more" и "Piece of me" се најновите песни на оваа поп икона.Со нив се искачи на врвот на топ листите Нејзиниот најнов албум се продаде во големи коли4ини.
Во почетокот на 2002 година, нејзината четиригодишна врска со Џастин Тимберлејк прекинува. Таа станува сѐ повеќе провокативна и примамлива за медиумите и папараците. Нејзиниот бурен приватен живот секојдневно го следат камерите на папараците. На 3 jануари 2004 таа се мажи за Џејсон Александар, а по само 55 часа нивниот брак завршува. Во јули 2004, Бритни ја објавува свршувачката со Кевин Федерлајн. Таа го раѓа првото дете, Шон Престон, на 14 септември 2005, a следната година таа го раѓа своето второ дете, Џејдин Џејмс Федерлајн на 12 септември 2006. На 30 јули бракот на Бритни со Федерлајн е официјално завршен и таа се посветува на нејзиното враќање на музичката сцена. Во октомври 2007, таа го губи старателството врз своите деца. | |
|