Тони Петковски (21 јули 1983) или попознат како
Тони Зен е македонски рапер и продуцент. Член е на групата Урбана Димензија, а се занимава со рап повеќе од 8 години. Под влијание на американскиот хип-хоп, кон крајот на 90-тите години Тони (со уметничко име Тони Монтана)
почнува да се занимава со рап музиката. Активен е во неговата прва
група „105“, снимајќи демо снимки достапни само на хип-хоп програмата
на скопското радио Канал 103. Во 2002 година заедно со DJ Чваре
ја оформува групата Урбана Димензија, а со тоа почнува попрофесионално
да се занимава со рап музиката. Во меѓувреме Тони своето уметничко име
од Тони Монтана го менува во Тони Зен Настапуваат на бројни настани во
Македонија од кои се издвојува Street Beats Festival (хип-хоп вечер на Таксират 2005), како предгрупа на Jeru Da Damaja, Afu Ra, Guru и Edo Maajka. Тони Зен како соло артист, а и како член на Урбана Димензија работи на повеќе проекти во блиска соработка со Единствена Опција, Мартин Србиновски, Бојана и Бисера (Gemini), Тамара Тодевска, Роберт Билбилов, Јован Јованов и други.
Покрај успехот во музиката, Тони е и сопственик на Tony's Soul Wear, продавница наменето стриктно за хип-хоп облека. Продавницата се наоѓа во ГТЦ во Скопје.
Албуми*Стиховна Агенда (2005)
*Слушај (2007)
Синглови*Покрај Мене (feat. Gemini)
*За Пандев (feat. Тамара)
*Сега Знам (feat. Мартин Србиновски)
*Скандал (2009)
*Спушти Се Доле (feat. Слаткар) (2009)
Видео Спотови*Живот (2004)
*Рап Фанатик (2005)
*Скопје Мој Град (2006)
*Зен Мастер (2007)
*Во Полн Ефект (2007)
*Дали Сакаш (2008)
*Mi Casa Es Su Casa (2009)
Родено име Тони Петковски
Познат како Тони Зен
Роден 21 јули 1983 во Скопје, Република Македонија
Жанр рап/хип-хоп
Занимавање/ња пејач, композитор, изведувач на гитара, текстописец
Години активност 2002–денес
Веб страна
www.tonizen.mk