Шакира Изабел Мебарак Рипол (родена на 2 февруари 1977)[2] позната како Шакира, شاكيرا на арапски Шпански изговор: [tʃaˈkiɾa] [3] е колумбиска[4] пејачка, текстописец, музичарка и танчерка која направи вистински пресврт на музичката сцена во Латинска Америка во раните 1990-ти. Таа е родена и порасната во Баранкила, Колумбија. Шакира уште како мала се занимавала со живо пеење на рокенрол, латинска и либанска музика, а истотака и уште од мала се бавела со стомачен танц. Мајчин јазик на Шакира е шпанскиот, но истотака таа целосно ги зборува англискиот, португалскиот и италијанскиот.[5]
После серија од комерцијални неуспеси со локалните продуценти на нејзините први два албума и нејзината мала познатост надвор од Колумбија, Шакира одлучува да направи нејзин нов бренд на музика: во 1995 таа го реализира „Pies Descalzos“, кој што и носи голема слава во Латинска Америка и Шпанија и ја обележува Шакира како музички феномен. Но во 1998- тите „¿Dónde Están Los Ladrones?“ станува најважниот албум на пејачката кој добил најмногу позитивни критики од познати издавачи како Rolling Stone, All Music Guide и Billboard. Од тогаш понатаму таа добива голем број фанови во земјите каде што шпанскиот не е официјален јазик, а посебно во Соединетите Американски Држави. Во 2001 таа прави промоција на нејзиното музичко видео за песната „Whenever, Wherever“ и сто тоа го пробива мразот во Англо-светот со реализацијата на нејзиниот прв албум на англиски наречен „Laundry Service“ кој се продаде во повеќе од 12 милиони копии на светско ниво.[6][7]. Четири години подоцна Шакира реализира два албума наречени „Fijación Oral Vol. 1“ and „Oral Fixation Vol. 2“. И двата го потврдуваат нејзиниот успех, а за тоа „зборува“ и нејзиниот хит кој што воедно и е најголемиот хит на 21 век „Hips Don't Lie“[8]. Шакира работи на последните подготовки за нејзиниот најнов проект насловен како „She Wolf“ кој ќе биде реализиран во Октомври, 2009.[9]
Таа има добиено две Греми награди, седум Латински Греми награди, а истотака е номинирана и за Golden Globe. Истотака таа е и најпродаваниот колумбиски артист на сите времиња, и втор по ред најпродаван женски латински изведувач со околу 50 милиони копии продадени на светско ниво според БМИ.[10] Освен тоа таа е и единствениот изведувач од Јужна Америка што го достигнала врвот во Северно Американските Billboard Hot 100, Canadian Hot 100, Австралиската ARIA и UK Singles Chart.
Шакира ќе биде наградена со своја ѕвезда на Hollywood Walk of Fame.[11][12]